Jessica Tremp е фотограф од Мелбурн, која го користи апаратот за да ги реализира нејзините детски фантазии. Таа вели: „Кога бев мала сонував дека можам да летам и да зборувам со животните, живеејќи во шумата покрај нив. Најдов начин да ги исполнам моите соништа, со еден клик на апаратот, можам да направам да станат реалност.“ Серијата фотографии, насловена како „Pick Up Sticks“, е серија фотографии произлезени од нејзината фантазија, на кои е претставена млада жена, осамена во шумата. На одредени фотографии е придружувана од животните, отсликувајќи внатрешен немир… борба меѓу осаменоста и неограничената слобода.