После разделбата… не се плашам дека сум сама, знам дека иако далеку секогаш ќе бидеш тука за мене.
После разделбата… не се плашам дека ќе ме заборавиш, знам дека ме имаш заклучено во своето срце.
После разделбата… не се плашам дека никогаш нема да се сетиш на мене, знам дека постојано сум во твојот ум.
После разделбата… не се плашам дека ќе слушнеш нешто лошо од мене, знам дека ме познаваш најдобро и нема да поверуваш.
После разделбата… не се плашам дека нема да те видам, доволно е само да ги затворам очите.
После разделбата… не се плашам дека нема да бидам среќна, знам дека твојата среќа ќе ја споделиш со мене.
После разделбата со блиски личности… не се менува ништо, само физичката близина ја снемува.