Дали се соочувате со премногу драги предмети во Вашиот дом, а немате доволно простор за складирање? Дали дел од нив се и Вашите книги? Наместо да се лишувате себеси од желбата да ја надополнувате Вашата библиотека, ние имаме предлог за Вас како уникатно и удобно да ги сместите во домот…
Што Ви е потребно:
-4 дрвени штици со должина од 6м
-лепак за дрво
-хартија за стругање
-метро
-мерач на агли
-акрилна боја по Ваш избор
-спреј за акрилната боја
Чекор 1: поставете агол од 30 степени на мерачот.
Чекор 2: поставете ја посакуваната должина на краците врз метрото.
Чекор 3: исечете ја штицата највнимателно што можете.
Чекор 4: ново-формираните три краци пред да ги залепите мора убаво да ги измазните со хартијата за стругање.
Чекор 5: залепете ги краците внимателно, во форма на рамностран триаголник
Чекор 6: измазнете ја секоја нерамнина предизвикана од вишокот лепак.
Чекор 7: нанесете ја бојата врз формираните триаголници. Совет + е дека новите полици кои може да ги комбинирате различно во простор, најубаво ќе изгледаат поставени врз некој ѕид. Можеби, над Вашето биро?