На њујоршките улици покрај што може да се сретне незамисливото од најнезамисливото, архитектот John Lock ги редизајнирашњ постоечките телефонски говорници како кабини за читање, односно мини библиотеки речиси на секој агол од Големото Јаболко. Со идеја да се позајмуваат, разменуваат, подаруваат книги – овој проект се должи на урбаното подобрување на навиките како интернационален апел кој влече корени од Велика Британија. Интересен дијаграм и лесно интерпретирање на полиците во телефонските кабини, имено потенцирајќи ја нивната мртва намена поради масовното некористење на фиксните линии поради порастот на мобилни телефони, смартфони и таблети како одлика на модерното живеење. Сите книги кои се застапени во овој проект се донирани од жителите на Њујорк, додека полиците се произведени во Бруклин, a библио-говорниците живеат на самиот Менхетен.