Стариот џемпер може да го обновите и разубавите на едноставен начин создавајќи свој печат на истиот. Денес ние Ви презентираме како да направите срциња на лактите на Вашиот џемпер. Истата идеја можете да ја искористите и за дизајн по Ваша желба.
Потребно:
- -волнен џемпер;
- -игла за волна;
- -парче густа пена;
- -волна во боја;
- -модел на срце;
- -пегла.
1. Обележете каде треба да стои срцето и вметнете го парчето пена во еден од ракавите.
2. Ставете го моделот срце на местото на лактот.
3. Ставете волна и почнете со иглата да ја “боцкате” необработената волна со волнениот џемпер.
4. Прободувајте со иглата додека не успеете да создадете рамна површина.
6. Внимателно извадете го парчето пена и проверете дали влакната се префрлени и на задната страна на џемперот.
7. Зацврстете ја волната со пегла.
Повторете ја истата постапка и на другиот ракав и готово, Вашиот џемпер е готов.