Мистичноста, совршеноста на природата е предизвик за многу научници. Снегулките се дел од таа совршеност; мали, со најразлични форми кои за жал не можеме да ги забележиме со голо око. Токму затоа професорот Kenneth Libbrecht од Институтот за технологија од Калифорнија ги проучува снегулките уште од 1997 година. Благодарение на микроскопот, тој ни овозможува да ги видиме снегулките во нивната совршена форма. После првите снегулки фатени од близу, уживајте во снегулките кои под микроскоп изгледаат како дело на навистина талентиран уметник. Уште еден доказ дека природата е најдобриот уметник.