Серија фотографии од Chiara Fersini или Himitsuhana, насловена „Mithology and fairly tales“. Chiara е 26-годишна девојка од Италија на која уметноста и е работа на која целосно е посветена, создавајќи ги овие прекрасни дела. „Љубовта кон уметноста ја добив од мајка ми, која беше сликар и декоратер. Со фотографија започнав да се занимавам после моето патување во Јапонија, се совпадна и со моето вљубување во Фотошоп… Фотографијата не е само страст за мене, тоа е најдобар начин да се покаже сложеноста на светот и моите чувства. Во моите фотографии се претставени моите стравови, соништа, тага и радост. Фотограгијата е мојот лек за било кој проблем“. Уживајте и за момент нурнете се во светот на бајките и митологијата.