“Уметност на создавањето” е серијал чија цел е прикажување на професиите на луѓето кои сонуваат, остваруваат и работат со голема љубов, далеку од песимизмот и очајот кој владее во секојдневието. Во ова видео е прикажан целиот процес на создавање на еден црвен фустан од страна на млад моден дизајнер. Од идејата за одредено модно парче преточена на хартија, кроењето и шиењето, финалниот производ и среќата и задоволството на дизајнерот.