Издавачката куќа Spineless Classics смета дека „големите уметности се дел од позадината на секојдневниот живот, но, не треба да бидат сфатени буквално“. Што значи, создавањето на постери од светски познатите приказни со помош на зборови од самите нив е темел на овие илустрации. Дизајните се разликуваат од наслов до наслов – позајмени се мотивите и ликовите од истоимените приказни, во облик на силуети, каде што Хари Потер, Петар Пан и Шерлок Холмс се визуелни носители на илустрациите. Секој збор е читлив и видлив, само доколку се има трпение и верба во магијата на пишаната уметност…