Празниците се на прагот, па доколку се’ уште не сте го украсиле домот, веќе е време е да го направите тоа. Венецот е еден од најубавите декоративни елементи кој внесува празнична атмосфера за време на зимските прослави. За таа намена, најчесто се користат гранчиња на елка или бор, а се украсува со зелени, црвени или златни украси, зависно од стилот на уредување на домот. Можете да го изработите од хартија, лампиони, гранки и новогодишни сијалички, подготвувајќи интересен детал за китење на вратите, прозорците, каминот, или, пак, некој друг простор кој сакате да го нагласите во домот. Во продолжение, погледнете го изборот на уникатни новогодишни венчиња кој го направивме за вас, што со сигурност ќе ве инспирира оваа година да поставите еден малку поинаков украс на вашата врата или ентериерот на вашата семејна оаза. Од традиционални божиќни венци во црвена и зелена боја, па се’ до креативни и необично дизајнирани украси за домот, одберете ја темата која најмногу прилега на вашиот вкус и стил.