Со големина на дланка, ласерски исечената хартија со цел да се создаде и открие една убава 3D диорама – јапонскиот уметник Yusuke Oono со своето маестрално дело кое го носи името „Книга 360“ ја раскажува култната сторија на браќата Грим за Снежана и седумте џуџиња; преку користeње на длабочината на хартиен инженеринг. За своето дело, Oono вели дека ужива во изнаоѓањето на нови начини да се изрази димензијата, а успеал во тоа преку својата креација која формира нов 3D свет кој доловува драматична трансформација. Како рамка на познатата книга, транформацијата која се постигнува со неколку листови хартија и еден пар ножици е крајно неверојатна и бајковито достојна за восхит. Проследете ја приказната за Снежана од апсолутно поинаков агол…