Графичкиот дизајнер Evan Robertson секогаш кога ќе прочитал некоја привлечна реченица во книга ја подвлекувал и по извесно време истите тие цитати ги реализирал во интересни графички илустрации. Во секој од серијата на црно-белите постери има напишан литературен цитат и минимална илустрација која е визуелен приказ на она како го доживува авторот цитатот. Еден ваков постер со цитат од омилниот автор совршено би изгледал врамен на ѕид во Вашиот дом