Ова кратко интервју со “таткото на видео игрите” Ralph Baer е дел од серијата на видео портрети на изумители снимени од David Friedman. Иако славниот изумител има 90 години, тој се уште го работи тоа што го сака и постојано бара предизвик во развивање на нови видео игри.
Филмот раскажува една едноставна, но приказна која допира и мотивира да ја најдете својата животна цел, која вреди и вистински ќе ве исполнува до крајот на животот.