Објавени се новите пиктограми за претстојните Зимски Олимписки Игри 2014 кои ќе се одржат во Сочи, Русија.
Секоја од 22-те икони е фигуративен приказ на зимските категории, од скијање и лизгање до сноубординг и боб-санкање. Иконите освен што се симболика на игрите и ќе се појават на влезниците и целата маркетинг кампања, претставуваат и водич за полесна ориентација на посетителите на различни настани.
Дизајнот на пиктограмите е инспириран од оние на московските Олиписки Игри во 1980-та година, а освен класични монохроматски, оваа година ќе има и серија на колоритно дизајнирани икони во духот на дезени од руската етно традиција.