Гарант на откривање нови светови, неисцрпен извор на информации и вистински пријател – кој друг, ако не книгите? Сепак, ако имате премногу од нив, потребен Ви е простран дел од домот во кој ќе ги складирате. Полиците за книги се адекватна алтернатива – едноставна и добро позната варијанта, но, во последно време, луѓето се обидуваат да изнајдат други современи и алтернативни начини за организирање на нивните драгоцени книги и истовремено, да успеат истото да го инкорпорираат во современиот внатрешен дизајн.
Една од тие оригинални и модерни идеи е поднесена од страна на италијанската дизајнерка Marizza Vizzuso која го потпиша B-OK концептот на полица. Истиот се однесува на прекрасен простор за заштеда, кој е во облик на огромна кула и истиот може да се трансфомира во својство на делител на соба. B-OK овозможува да го замените редењето на книгите рамо-до-рамо кој води до нивно натрупување со едно интересно уредување на различни нивоа. Модерен ефект на Вашиот дом кој Ви гарантира приватност кога и да Ви е потребна… додека се повлекувате во маргините на сопствената имагинација и се препуштате на добрите испринтани редови.