Во екот на овогодинешниот Fashion Weekend Skopje, во склоп на колекциите есен/зима 2012/2013 каде македонските дизајнери се преставија со своите модни визии, како дел од истите настапи и младата дизајнерка Ирина Тошева со нејзината Piuma колекција, која на италијански се преведува како пердув.
За своите модели, Ирина вели: „Како контраст на минатите, решив оваа колекција да ја работам монохроматски, давајќи им предност на формите и кројот. Типовите материјали кои ги користам ја продолжуваат контрасната приказна меѓу мекото и крутото. Црно-белите принтови се надополнети со детали од егзотични пердуви. Водена од леснотијата која е нетипична за зимската облека, а ја претставува пердувот ја нареков Piuma“. Совршена синхронизација на женски и машки модели, каде носливоста на истите добива на примат. Апсолутно моќно, крајно едноставно, софистицирано и елегантно во ист момент – магијата на црната боја која по рецепт совршено се вклопува со белата и ним сродните бои, ја направија Ирина Тошева вистинска ѕвезда на FWSK.
Фото | Fashion Weekend Skopje