Ако сте љубител на британскиот хумор – „Seven Psychopaths“ во режија на Мартин Мекдонах е филм кој сигурно ќе ви се допадне. Улогите ги толкуваат Колин Фарел, Сем Роквел, Вуди Харелсон, Том Вејтс и Кристофер Вокен, а ова е втора соработка меѓу Фарел и Мекдонах после „Bruges“, во 2008 година. Филмот раскажува приказна за писател, сценарист кој ќе стане дел од криминалното подземје во Лос Анџелес, откако неговите откачени пријатели ќе го украдат кучето на еден гангстер. Седумте психопати премиерно се појавија во јавноста на 7 септември 2012, на интернационалниот филмски фестивал во Торонто.