Најновата изложба на уметниците Тim Noble и Sue Webster, со наслов Nihilistic Optimistic, се отвори скоро во позната лондонска Blaine Southern Gallery. Изложбата се состои од скулптури кои се така конструирани што отсликуваат човечки силуети во сенка, кои всушност претставуваат автопортрети на авторите. Се состои од шест инсталации изработени генерално од дрвени скали и парчиња дрво, а за чија реализација се користени и светлосни проектори. Околу скулптурите просторот е исполнет со остатоци од материјалите, алатките и пилевина и овој урбан хаос имплицира на едно уметничко студио, место каде се случува процесот на создавање на овие дела.
Дуалистичкиот наслов на изложбата, Nihilistic Optimistic, одговара на спротивните сили во овие дела, а и кај самите артисти. Изложбата е истовремено конструктивна и деструктивна, осветлена и во сенка, содржи форма и отсуство на истата.