„Ако можеш да го сонуваш, можеш и да го оствариш“… затекнато речиси во секоја приказна на Дизни, дека е „навистина забавно да се тежнее кон невозможното“ додека цврсто стои на ставот дека „возрасните се само деца кои пораснале“ притоа упатувајќи не на Петар Пановото предупредување: „Немојте да пораснете, се работи за замка!“. Говорејќи за бенефиците да се биде дете, Дизни ја потенцира важноста на сонувањето – се чувствуваме должни да Ве упатиме на вистинкиот извор на можноста да се сонува и секогаш да се остане дете во срцето. Вечен авантурист, секогаш оптимист и вистински сонувач може да се почувствувате единствено преку моќта на книгите, бидејќи тие ви пружаат повеќе од еден живот за живеење. Како највпечатлив пример, ќе ја посочиме убавицата Бел како икона на читањето; додека го креираме заклучокот дека Дизни пружа извонреден пример за стекнување на навиката да се чита: најголемиот дел од неговите анимирани дела го докажуваат тоа!