Убедени во паролата „Знаењето е моќ“, свесно знаеме каде е стациониран изворот на оваа моќност. Ни помалку, ни повеќе, туку во книгите. Овој дизајн на сепаратори за книги во форма на глава каде мозокот се сепарира на две хемисфери, односно два дела кои ги фиксираат Вашите книги на полицата дефинитивно важи за еден од најневеројатните дизајни со кои некогаш сте се сретнале. Суштински, станува збор за човечка силуета на глава, каде мозокот е означен во златна, односно розова боја за да ја отслика вистинската моќ на знаењето. Со потпис од Карим Рашид, овие 3D декоративни предмети се изработени од високо-квалитетна гума, а подоцна обложени со фин челик како модерен финиш кој одговара во современиот стил на сечиј дом. Веќе ставени на продажба преку Амазон со цена од 180$, изберете ја својата црна или бела варијанта.