Во Мадрид живее Норма, многу посебна бразилска дама. Шпанците ја нарекуваат ,,супер кул бабичка”. Има над шеесет години и работи на повеќе различни места истовремено, постојано организирајќи промоции, забави и концерти.
Еднаш, во околу четири часот наутро, кога веќе бев толку уморен што едвај можев да издржам, ја запрашав Норма од каде ја црпи сета енергија.
,,Имам магичен календар. Ако сакаш, можам да ти го покажам.‘’
Наредниот ден отидов до нејзиниот дом. Таа извади еден стар календар, целиот ишкртан и изобличен.
,,Во ред, денес е откриена вакцината против детската парализа’’ – рече таа. ,,Мора да го прославиме тоа, затоа што животот е прекрасен.’’
За секој ден од годината, таа имаше запишано нешто добро што се случило на тој датум.
За неа, животот беше постојано причина да се биде среќен.
*Пауло Коелјо, извадок од ,,Како реката што тече’’