Студиото Able + Baker (A+B) од Калифорнија со идеја која може да сокрие неред од предмети со впечаток на средени книги, ја создаде Модерната библио-кутија за складирање. Оваа кутија која говори за креативноста на сокривање на Вашите (не)потребни работи може да ја сместите на Вашите полици, каде не би се забележала разликата компаративно со Вашите книги, судејќи по нејзината стандардна големина.
Дизајнерите на ова интересно парче велат дека дрвената подлога гарантира сигурност и ефикасност каде и да го сместите. Уште поинтересен податок е што може да изберете кои наслови би сакале да ја красат Вашата библио-кутија! Со модерно чување на клучеви, пенкала, визит-карти, cd-a и се друго што треба да Ви е на дофат; библио-кутијата може да биде сместена и на Вашата работна маса.