,,И сѐ беше во ред” (,,And Everything Was Alright”) е емотивен и инспиративен кус филм од Robert Kilman и Safwat Saleem, создаден врз основа на книгата со ист наслов. Деветминутното видео го портретира внатрешниот свет на ,,мечето” кое сонува за подобро утро. Животот не му е нималку лесен, а реалноста секојдневно го жигосува, да минува крај другите со наведнат поглед, да биде исмевано, понижувано, игнорирано. Велат: кога срцето ти е скршено, не постои нешто кое можеш да го направиш. Но, грешат! Ова е видео за сите оние кои храбро газат на тлото, кои не се помируваат со тоа околностите да им се испречат на патот кон целта, кои се борци. Погледнете го.