Една млада девојка отиде во домот на својата мајка и и раскажа како нејзиниот живот во последно време е тежок. Не знаеше веќе да се справи со проблемите и беше готова да се предаде. Беше уморна од борба и страдање. Се чинеше дека штом ќе реши еден проблем, нов ќе затропа на вратата.
Нејзината мајка ја сослуша и потоа без збор ја однесе во кујната. Таа наполни три сада со вода и сите ги стави на силен оган. Наскоро водата во садовите почна да врие. Во првиот сад таа стави моркови, во вториот спушти неколку јајца, а во третиот една рака мелени зрнца од кафе.
Потоа седна и почека да помине некое време. По десетина минути го исклучи шпоретот, а садовите престанаа да клокотат. Внимателно ги извади морковите и ги стави во посебен сад. Истото го стори и со јајцата и на крај ја претури течноста каде беше кафето во посебна шолја. Свртувајќи се кон нејзината ќерка, ја праша:
“Кажи ми што гледаш?”
Девојката преврте со очите и нервозно рече: “Моркови, јајца и кафе!”. Мајката ги потурна садовите кон нејзе и и рече да ги допре морковите. Тие беа кревки и меки. Потоа мајката побара од ќерка си да скрши едно јајце. Откако ја одлепи лушпата, почувствува дека внатрешноста е тврдо сварена. И на крајот мајката ја замоли ќерката да проба од кафето. Девојката се насмевна кога ја почувствува неговата богата арома. “И што значи сега ова?“ – запраша таа.
Мајката грижливо и објасни дека секоја состојка што ја стави во водата се соочи со иста катастрофа – врела вода – но секоја реагираше поинаку.
Морковот кој на почетокот изгледаше силен, тврд и непопустлив, откако се соочи со врелата вода стана мек, кревок и кршлив.
Јајцето предходно беше кршливо. Тоа со една многу тенка надворешна школка ја штитеше својата внатрешност која беше мека и течна, но во допир со врелата вода неговата внатрешност се измени и стана тврда.
Мелените зрнца од кафе беа уникатни, сепак откако беа спуштени во врелата вода, тие ја изменија водата…и дадоа вкус и мирис.
“Па која си ти ќерко?“ – запраша мајката.
Кои сте вие, наши читатели? Кога катастрофата чука на врата, како ќе и одговорите?
Дали сте морков кој се чини дека е цврст, но штом ќе дојде болката и несреќата ја губите вољата и се предавате?
Дали сте јајце кое има меко срце, но се менувате со доаѓањето на потешкотиите? Дали имате немирен и ведар дух, но горчината на животот ве направила однадвор навидум исти, а одвнатре несреќни со вкочанет дух и скаменто срце?
Или пак сте зрнца кафе? Кафе кое не дозволува суровите околности да го сменат него, туку тоа ги менува нив. Кога зовриената вода го прелева, тоа ослободува мирис и вкус. Ја менува ситуацијата, место да се менува себе си. Од врел непријател создава магичен напиток.
Кога животот е крут со нас, не дозволувајте да ве падне на коленици, не давајте да ве промени… соочете се, променете ги околностите и поминете на дрго ниво. Искачете се едно скалило погоре, место да се струполите во безизлезна бездна.