Денес сакаме да ви го покажеме футуристичкоит концепт на Тајпеј центарот за изведувачки уметности од страна на американското архитектонско студио B + U.
За развој на дизајнот на овој објект, тие употребуваат уникатен процес кој се служи со користење на реални звуци како основа. Морфологијата и обликот на објектот е дизајниран со звучни бранови, кои се анализираат, а потоа се претвараат во три димензионални вектори.
Предлогот да се изгради еден ваков единствен театар е за да и се даде еден препознатлив печат на земјата која изобилува со богатство од уметници кои чекаат да го претстават својот перформанс на вистинското место.