Пародија на популарниот филм „Педесет нијанси сиво“, кој како адаптација на еротскиот роман, светскиот бестселер на Е. Л. Џејмс, ја подели публиката.
Подгответе се за педесет нијанси хумор! По романтичниот филм „Педесет нијанси сиво“ со заводливиот Кристијан Греј, пристигнува неговата пародија „Педесет нијанси црно“ со неверојатниот Кристијан Блек.
Во оваа верзија, срамежливата студентка, Хана, го запознава успешниот бизнисмен, Кристијан Блек, со кого ќе се впушти во бурна врска. Неговите сексуални потреби ќе бидат во центарот на нивниот однос.
Оригиналната приказна за Греј го отсликува Кристијан како човек до кого не допираат емоции, човек кој ја има целата моќ и доминантност наспроти девицата Анастасија. Но, сега Кристијан Блек е тотална спротивност, па доколку не го засакавте Греј, сега сигурно ќе го засакате Блек!
Филмот реферира на некои други филмови и на познати светски личности, со што комичните сцени стануваат уште поинтересни. Марлон Вајанс (г-дин Блек), познат по своите улоги во многу комедии, нема ограничување со својот хумор или пародирајќи само еден филм, тој мора да замеша повеќе филмови истовремено како „Ритамот на лудилото“, „Магичниот Мајк“, за да постигне различен степен на успех. Филмот, во многу моменти успева да биде изненадувачки подмолен со својот хумор.
Спремете се за еротска пародија, која ќе ве прошета низ лавиринт oд жестоки игри и интересни средби на главните протагонисти, Марлон Вајанс и Џејн Сејмур. Филм, кој со неговиот неверојатен хумор ќе ве натера да се смеете.
Премиерното прикажување на „Педесет нијанси црно“ пред македонската публика бешe на 04.02.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.