Оваа прекрасна фотографија е снимена на островот Vaadhoo, Малдиви од фотографот Doug Perrine. На прв поглед се чини дека на фотографијата е прикажано ноќно небо кое се огледува во морето. Но, тоа не е точно. Всушност станува збор за светлечки бранови – природен феномен кој е предизвикан од био микрорганизми, наречени фитопланктони кои живеат во плитките води на овој остров и природно сјаат со сафирен син сјај.
Бајковита глетка!