Prada го врати првото место на најновата квартална листа на најпребарувани брендови на ранг листата Lyst, бидејќи пребарувањата за миланскиот моден бренд се зголемија за 41 отсто во однос на предходната година на платформата за онлајн шопинг.
Во четвртиот квартал од 2023 година, Prada привлече внимание од неколку причини. Соработуваше со Axiom Space, архитектот на првата комерцијална вселенска станица во светот, за да изгради вселенски одела за мисијата Artemis III на НАСА планирана за 2025 година. Миуча Прада и Раф Симонс беа номинирани за дизајнери на годината на Fashion Awards. Во Шангај ја отворија изложбата Прадасфера, која во својата втора итерација се одржа во новооснованиот музеј Старт.
Листата на најбараните брендови изгледа вака:
1. PRADA
2. MIU MIU
3. LOEWE
4. BOTTEGA VENETA
5. MONCLER
6. SAINT LAURENT
7. VERSACE
8. JACQUEMUS
9. BURBERRY
10. VALENTINO
11. GUCCI
12. BALENCIAGA
13. DIESEL
14. SKIMS
15. DIOR
16. LOUIS VUITTON
17. UGG
18. THE ROW
19. JW ANDERSON
20. FENDI