Фарел Вилијамс доби еден тон љубов од Холивуд – дури и преку океанот – како нов креативен директор за машка облека во Louis Vuitton.
Познатите личности беа со во полн сјај на ревијата на брендот, каде нивниот пријател и соработник ја покажа својата дизајнерска моќ на дебитантската колекција LV пролет 2024 година на познатиот мост Pont Neuf во Париз. Зборуваме за големи имиња како Ријана и ASAP Роки, Зендаја, Ким Кардашијан, Наоми Кембл, Бијонсе и Џеј Зи и многу други.
Филтрирајќи ги кодовите на Louis Vuitton преку визијата на неговиот личен стил, Фарел внесе еклектична младешка атмосфера во брендот. Видовме класични принтови и логоа претставени на нови, порадикални начини, важноста на деталите, но и новиот дезен „Damouflage“ насликан преку безвременските матрици на брендот.
Погледнете во галеријата како славните пријатели на дизајнерот изгледаа во нивните LV аутфити на ревијата.