Естетиката на малата сирена, таканаречената mermaidcore, во голема мера доминира во летните трендови. Морските бисери, школките и силуетата на рибната опашка се составен дел на секој изглед на сирена, кој апсолутно го вклучи и сегментот на убавина. Така, во овој стил, ќе видиме фризури со влажен изглед, плетенки и украси од седеф-бисер во косата.
Сега, на ред се ноктите. Клучот на (mermaid) сирена тренд е завршниот слој. Замислете: металик-сребрени бои кои интерпретираат треперливи перки и водени тонови на морска пена, тиркизна и азурна боја. Исто така, тука се и седефести нијанси на бисер, школки, хромирани со висок сјај и глазирани нокти, кои остануваат популарни и ова лето.
За максималистички изглед, ноктите можете да ги украсите со мини школки, ѕвезди и бранови – што можеби не звучи толку шик, но во остатокот од текстот го докажуваме спротивното со брилијантен маникир. Продолжете да скролате за mermaid nails инспирација.