Луксузните брендови ангажираат познати личности како амбасадори на своите модни куќи и тоа не е ништо ново. Donatella истакнува дека Dua Lipа донесе вреден увид во тоа како Gen-Z сака да го интерпретира архивскиот изглед на современ начин. Затоа, пејачката ја истражуваше архивата на Versace и активно учествуваше во создавањето на колекцијата“La Vacanza”.
Колекцијата La Vacanza ги комбинира Versace потписите со некои препознатливи карактеристики на стилот на пејачката.
„Пеперутката е нешто со кое се поврзавме многу рано“, рече Dua за повторливиот мотив, кој трепери преку мини здолништето и нежно се спушта на ремените од сандалите. „Забавно е, кокетно.”