Киселa краставицa завитканa во кашкавал е новата вирална закуска …
TikTok создаде уште еден рецепт што постојано го гледаме на неговата социјалната мрежа.
TikTok е неисцрпен извор на инспирација кога станува збор за многу работи, вклучувајќи и готвење со рецепти.
Овој пат вирална стана една закуска (“snack”) за која сите се колнат дека е вкусна, иако на почетокот делува како многу неспоива комбинација. Оваа закуска се подготвува од само две состојки буквално за две минути.
Сè што ви треба за оваа популарна закуска на TikTok се кисели краставички и кашкавал. Потребно е на тефлонска тава да се стопи еден ладен лист кашкавал за да не се залепи на дното на тавата. Кога кашкавалот ќе се растопи, треба да ставите една голема кисела краставица и да ја завиткате. Оваа многу необична закуска е всушност многу вкусна. Пробајте, нема да зажалите.