Во морето од нови чизми кои секојдневно пристигнуваат на пазарот, мора да признаеме дека едни ни го привлекоа вниманието. Што и не е изненадувачки со оглед на нивниот дизајн.
Станува збор за чизмите Maison Margiela Tabi, за кои мислењата навистина се поделени. Некои луѓе го сакаат дизајнот на чизмите Tabi, додека други се, во најмала рака, зачудени.
Tabi чизмите се направени од кожа, а она што ги прави овие чизми „чудни“ е предниот дел од чизмата кој всушност е поделен на два дела, со што предниот дел на овие чизми наликува на животинско стапало.
Дали овие чизми се top или flop, проценете сами. Веруваме дека секој има различен вкус, па на некој ќе му се допаднат чизмите Margiela Tabi, додека на другите, не.