Низ улиците се шири мирис на печена и варена пченка, која е одлична, односно многу фина и здрава закуска.
Некои се поголеми љубители на печена пченка додека некои претпочитаат варена.
Не е важно кој начин на подготовка на пченка го сакате, бидејќи пченката е многу здрава и важно е да ја консумирате. Пченката има многу придобивки, кои можете да ги дознаете подолу.
Еве зошто треба да јадете пченка
Бидејќи пченката содржи најмногу скроб, таа е одличен извор на енергија со малку маснотии. Таа е и нискокалорична храна која има околу 360 калории на 100 гр. Пченката содржи и многу протеини, витамини Е и Б комплекс, провитамин А, влакна, минерали (фосфор, калиум и магнезиум) и шеќер (гликоза, сахароза и фруктоза).
Покрај тоа, пченката има и лековити својства. Помага при детоксикација и излачување на течности, па затоа се препорачува за болести на уринарниот тракт, едеми, гихт, ревматизам, срцеви заболувања и висок крвен притисок.
Многу експерти го советуваат и за превенција од некои видови на рак поради неговата висока содржина на влакна и антиоксидантни својства (ова особено важи за варената пченка).