ОВОЈ ФУСТАН ГО ЗАЗЕДЕ МОДНИОТ ТРОН ЗА ЛЕТО 2022: Има екстравагантен дезен и минималистички крој кој го обожаваат модните инфлуенсерки.
Фустаните со зебра принт се главен тренд за летото 2022 година, а можете да ги носите на плажа и во ноќен клуб.
Животинскиот принт се враќа во мода на секои неколку години, а во моментов принтот на зебра го доживува својот блескав моден момент.
Во текот на изминатите неколку недели, овој принт се појавува насекаде низ Инстаграм – од марами и костими за капење до фармерки, па дури и накит – зацврстувајќи го својот трендовски статус.
Сепак, најлесниот начин да го додадете овој принт во вашата гардероба и максимално да го искористите е преку модерен фустан со зебра принт. Летово доминантниот дезен не мора нужно да доаѓа во црно-бела боја, еднакво привлечни се и кафено-белите или кафено-златни комбинации.