Популарната коњичка трка Kentucky Derby 2022 се врати на својата позната локација во Churchill Downs.
Фановите на настанот отсекогаш правеле смели стилски избори, но оваа година целокупната естетика навистина се подобри. Со други зборови, се чинеше дека модата и фанфарите на патеката во 2022 година го надминаа достигнатото максимално ниво, поставувајќи нови стандарди.
Облека во светли бои, креации со необични текстури и пред се – шапки без кои настанот не можеше да помине, ја одбележаа 148-та трка. Покрај дамите кои не се двоумеле да ги украсат своите фризури со импозантни предимензионирани шапки во облик на цвеќе (дури и цели мини градини), овошје и други колачи, темата ја следеше и машкиот дел од публиката, носејќи различни модели на шапки и капи, инспириран од коњите.