Амбасадорката на брендот Louis Vuitton, HoYeon Jung, ја предводи новата кампања Twist Handbag за пролет 2022 година.
Актерката од Squid Game позира со чантата Twist во нијанси на црна, розова, портокалова, бела боја и изгледа фантастично.
Во студиското опкружување, актерката и модел изгледа сензационално и софистицирано, стилизирана од Мери Амели Сова.
„Јужнокорејската актерка и амбасадорка на брендот Louis Vuitton ги претставува сезонските Twist чанти. Со младешки, но безвременски свеж и современ дизајн оваа чанта брзо стана една од најпознатите. Нагласувајќи го наследството на модната куќа, името Twist потекнува од уникатното копче, чии ротирачки иницијали L и V се спојуваат и формираат “V” во однос на иницијалите на основачот“, напиша брендот во соопштението, по повод лансирањето на новата рекламна кампања.