Како да се облечете ако сакате да сокриете некој килограм вишок?
Зголемувањето на телесната тежина е нешто што ги мачи повеќето од нас. Неколку вишок килограми не се проблем за вашето здравје, но кога дебелината е прекумерна, тоа навистина може да има негативно влијание врз вашето здравје.
Кога станува збор за облекувањето, најважно е да знаете како со облеката да ги истакнете најдобрите делови од вас, а помалку репрезентативните да ги скриете.
Подолу можете да прочитате три модни совети како со облека визуелно да креирате витка линија.
1. Комбинација на светли и темни бои – носете темна облека на делот од телото во кој не сте сигурни, а посветли бои на деловите од телото кои сакате да ги нагласите.
2. Носете облека која дава силуета односно струкирана облека, бидејќи таквата облека визуелно може да ја стесни вашата линија.