Во потрага по парчиња кои ќе ни помогнат да создадеме најмодерна и најкомплетна пролетна гардероба, невозможно е да не го споменеме тренч-мантилот.
Тренч мантилите се ултимативните парчиња за преодниот рок, поточно пролетната сезона. Ова посебно парче облека „ветува“ класична естетика на сите времиња која им прилега на сите жени кои ја сакаат модата. Тренч мантилот можете да го носите од утро до вечер, без разлика на пригодата. Тие се меѓу најдобрите парчиња во кои вреди да вложите, без каење.
Бежот е најкласичната и најсигурната верзија, но “street style” sвездите веќе неколку сезони предлагаат интензивни тонови и двобојни модели кои на вашиот стајлинг ќе му понудат „здив“ на свежина!
Откријте ги најмодерните дизајни …