Калориите се причина за зголемување на телесната тежина. Тогаш кога имаме вишок калории се дебелееме, а потоа кога внесуваме помала калориска вредност или кога сме во калориски дефицит слабееме.
Најтажното е што повеќето од нас “нафрлија” неколку килограми повеќе оваа зима, за кратко време, а сега треба да работиме напорно за да ги изгубиме истите.
Вежбањето ни помага во согорувањето на калориите. Со добар тренинг губиме во просек од 300 до 500 калории, а подолу ви пренесуваме кои активности и во кој временски период можете да согорите 500 калории.
Спортови кои ќе ви помогнат најбрзо да согорите 500 калории:
1. Возење велосипед – 60 минути
2. Аеробик – 50 минути
3. Кошарка – 50 минути
4. Бокс – 45 минути
5. Фудбал – 45 минути
6. Трчање – 40 минути
7. Ватерполо – 40 минути
8. Ракомет – 35 минути
9. Прескокнување јаже – 30 минути