Го живееме февруари исполнет со инспиративен стил, фокусирани на истражување на најновите трендови. Откако заврши, модната недела во Њујорк, јасно ни даде увид во трендовите за есен и зима 22/23, кои ќе продолжат низ Лондон, Милано и Париз. Што е тоа што ќе ги окупира главите на вистинските љубители на модата, се прашувате?
Различни модни додатоци се менуваа на модните писти, од чизми до чанти со најинтересен дизајн, смели силуети и живописни принтови. Темната романса и субверзивната рејв естетика ја донесоа алтернативната мода во еден од фокусите, вклучувајќи асиметрични силуети, исецкана трикотажа до кожа со метални и проѕирни слоеви.
Од друга страна, за минималистите и љубителите на класиката, панталоните и блејзерите како сестрани парчиња кои сме ги виделе во различни толкувања не подлежат на ризик кога станува збор за инвестирање, бидејќи можете да ги комбинирате со се.
Секако, тоа не значи дека немаме време да се загледаме во елегантните фустани, кои се желба на повеќето жени. Од тесни силуети до преголеми волани, штрас, монистри и живописни нијанси се мотивите кои се менуваа на модните писти. Додека со нетрпение ги очекуваме фустаните што не очекуваат на идните ревии, дозволете галеријата од Њујорк да ве инспирира.