Модата во последните месеци на најдобар начин ни докажа дека нејзините трендови се базираат на оптимизам и позитивност.
Токму тоа се рефлектира во присуство на светли бои. До сега знаевме дека темните нијанси се оние кои доминираат во текот на зимата, но оваа зима дојде и донесе промени со себе. Црната и неутралната секогаш ќе заземаат важно место во нашата зимска колекција, но кој може да одолее на портокаловата, зелената, виолетовата и светло сината? Ние дефинитивно не!
Чантите, се моден додаток кој може да ја промени динамиката на секој стајлинг, па затоа нивниот избор треба да се направи со посебно внимание. Во галеријата одбравме модели во светли бои кои се совршен избор за оваа зимска сезона.