Судејќи по чизмите кои секојдневно ги носат манекенките Кендал Џенер, Џоан Смолс, Емили Ратајковски, Ирина Шајк и Каја Гербер, популарни се мини ugg чизмите. Совршено одат со хеланки, тесни, широки и волнени панталони, фармерки, тренерки, тениски чорапи, всушност – одат со се.
Иако генерацијата Z полуде по нив, немојте да мислите дека се резервирани само за оние кои имаат дваесет и нешто. Нивната последна амбасадорка е Шер, која на фотографиите за новата кампања носи модел Classic Mini II Uggs.
Ако сакате да добиете нова верзија на ugg, а веќе имате стар, подлабок модел, еден од популарните предизвици на TikTok нуди решение. Сето тоа го започна корисничката со акаунтот @ emkeen3, која за Божиќ добила длабоки ugg чизми, а потоа решила да ги скрати со ножици. Мини ugg чизмите се помодерни од поголемите и чинат помалку.