Премиерата „And Just Like That“ – продолжение на легендарниот „Сексот и градот“ се одржа на 9 декември и се уште се зборува за хероините од серијата.
Доколку внимателно сте го гледале оригиналниот „Сексот и градот“, сигурно се сеќавате на багет чантата Fendi со виолетови монистри, која крадецот и ја украде на Кери Бредшо во една од епизодите.
Во спин-офот на легендарната серија, хероината на Сара Џесика Паркер, повторно се појавува со оваа чанта – бидејќи новите костимографи сакаат да ја нагласат врската помеѓу стиловите на „новата“ и „старата“ Кери.
По објавувањето на продолжението на серијата, чантата Baguette повторно стана толку популарна што Fendi реши повторно да ја лансира.