Што да правите и како да се заштитите кога воздухот е загаден?
Примарно е да се намали престојот на отворено, особено чувствителните групи треба да го сторат тоа. Ако веќе треба да останете надвор на отворено, обидете се да правите активности кои бараат што е можно помал физички напор.
Исто така, се препорачува чувствителните групи, како и оние кои не припаѓаат на оваа група, да носат заштитни маски. Сепак, нема да бидете заштитени со обична хируршка маска, туку само со онаа со филтри или FFP2 или FFP3 маски.
Доколку е можно, поставете филтри за прочистување на воздухот во вашата куќа, особено би било добро да ставите филтер во просторијата каде што спиете.