Можеби се препуштивте на живот во рамни чевли – настаните од изминатата година ја направија и најмалата потпетица излишна – и ако е така, бидете подготвени: чевлите на платформа се вратија.
VERSACE
Според најновите модни извештаи, чевлите Версаче со платформа, моделот Медуза Евитас, беше второто најпродавано парче во последните три месеци (веднаш под чантата на Прада од рафија).
Платформите на Версаче се прилично нагласени, со висока блок-пета и ремен околу зглобот, што автоматски му дава на лицето кое ги носи значителна висина и визуелно издолжени нозе. Не е ни чудо што тие речиси се распродадоа – и покрај цената од 1.080 фунти. Фаворит се и на познатите дами како Дуа Липа – ѕвезда од кампањата на овој бренд, потоа Вини Харлоу, Адисон Реј и Елоди.