Доколку мислевте дека очилата на Булгари и Долче и Габана се скапи, ве очекува изненадување.
Неодамна, се појавија два модела на очила од времето на Могулската империја, и нивните стакла се направени целосно од скапоцени камења. Тоа не е сè, дури и рамките на овие очила се целосно покриени со скапоцени камења. Овие очила се ретко сочувани парчиња накит од оваа ера, а се верува дека овие очила му помогнале на носителот да се одбрани од злото и да стекне просветлување.
Првиот пар, „Halo of Light“, направен е од еден дијамант од 200 карати, кој можеби бил најголемиот во светот. Вториот пар, „Gate of Paradise“ е направен од колумбиски смарагд кој тежел преку 300 карати.
Во тоа време, се верувало дека дијамантите се средство за небесна светлина и просветлување. За споредба, зелената боја на смарагдите е поврзана со вечниот живот, рајот и спасението во исламот. Могулската империја била најнапредната цивилизација во изработката на накит во тоа време, па логично е неговото кралско семејство да има такви необични очила.
Според аукциската куќа Sotheby’s овие модели на очила би можеле да достигнат цена од 2,1 милиони долари и 3,5 милиони долари. Покрај тоа, нивните рамки со накит и тесниот дизајн се во тренд бидејќи познатите личности деновиве се одлучуваат за слични типови на очила.