На неодамнешната ревија на Диор во Париз, Дева Касел привлече големо внимание и одлично го претстави францускиот стил и покажа што навистина тој значи. Младата Дева веќе се појави на насловните страници на големите модни списанија, а заедно со нејзината славна мајка, беше sвезда на кампањата за Долче и Габана.
Сега таа избра софистицирана црна облека која ја носеше самоуверено и грациозно како веќе докажана sвезда, иако не можат да се занемарат нејзините успеси во досегашната работа како модел.
Убавата бринета беше исклучително забележана како ја носи комбинација на Диор која се состои од елегантни палацо црни панталони и мини корсети со големи копчиња. Таа ноншалантно во раката го носеше сакото, а во областа на додатоците, се одлучи за микро чанта во пудреста нијанса и едноставни сандали со ремчиња.
Совршен и едноставен, овој изглед на младата Франузинка не маѓепса.