Удобноста стана составен дел од нашите животи и по една година помината во папучи и патики, рамните чизми имаат предност кога е во прашање изборот на нови модели за студените денови. Рамните чизми не се само практични и удобни, туку се сметаат и за еден од најголемите трендови.
Оваа сезона се издвојуваат масивните модели, односно чизми со робусни ѓонови.
Иако изгледаат необично, модните дизајнери препорачуваат да не се двоумите и да ги носите од утро во канцеларија со костум и миди здолништа до вашите најобични прошетки со фармерки, плетени фустани, па дури и комбинезони. Се што ви треба за да имате совршен резултат е да пронајдете модел кој ви одговара.
Ги разгледавме новите колекции на најпознатите брендови и ги издвоивме најпопуларните дизајни за оваа сезона …