Какви чевли ќе се носат оваа есен?
Со доаѓањето на деветтиот месец како да завршува летото. Иако календарски се уште е лето, морето, сонцето и плажите се зад нас.
Есента означува нов почеток, како и нова модна сезона.
За повеќето жени, сепак, чевлите се најголемата слабост. По неколкумесечни носења на сандали, апостолки и папучи, на ред се мокасините, патиките, чизмите.
Подолу можете да дознаете што да облечете оваа есен.
1. Мокасини
Мокасините, особено оние со chunky ѓон, ќе бидат едни од најпопуларните оваа сезона (Prada)
2. Патики
Овој модел на патики е популарен веќе неколку сезони, а тој тренд ќе продолжи и оваа година.
New Balance
3. Chunky, односно предимезионирани чизми, слични на оние на Ботега Венета, ќе бидат хит оваа есен и зима.
Bottega Veneta
На големо се шпекулираше дека ќе се врати трендот на носење кломпи, а тоа го потврдија полиците на модните продавници.
Zara
5. Ретро штикли
Потпетици со зашилен преден дел, отворена пета и во светли или пастелни бои ќе бидат хит модел. Петата “kitten” е исто така многу популарна.
Zara